Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Тосканска вила со прекрасен поглед и приватен терен за голф

Од својата главна позиција во најјужниот дел на ексклузивниот Коринтијан остров, ексклузивната италијанска вила гледа кон јахт-клубот и марината. Во далечина, тој нуди панорамски поглед на Сан Франциско, Алкатраз и Ангелските Острови и иконскиот мост Голден Гејт.

Нудејќи стил на долче вита и романса за италијанска вила од 20-тите години од минатиот век, резиденцијата, чија површина е околу 630 квадратни метри, датира од 2002 година. Еден богат мексикански претприемач, Хавиер Бурило, сопственик на Grupo Televisa, го купил овој имот кон крајот на 90-тите години на минатиот век, демолирал сè на него и поминал две години создавајќи сегашно ремек-дело. Според наводите, тој го ангажирал познатиот архитект Нунси Десантис да го дизајнира домот – вистинскиот предизвик беше да се искористи максимално од целиот расположив простор на триаголната парцела.

И покрај компактноста на имотот на кој се наоѓа, Десантис дизајнираше дом на кој не му недостасува приватност, паркинг и удобности – тука можете дури и да уживате во игра голф. Орнаментални леано железни порти се отвораат кон паркингот лоциран пред жолтата фасада на вилата. Импозантниот заоблен премин ве води во елегантно фоаје со назамен, пловечки скали, од каде има неверојатен поглед кон заливот.

Во прилог на дневната соба и трпезаријата со засводен таван, ова ниво располага со кујна опремена со врвни апарати Miele и Wolf, голем мермерен остров и дрвени подови.

Сепак, еден од главните акценти на овој дом е спектакуларниот главен стан – неговата заоблена врата се отвора кон огромна тераса, која нуди поглед на целиот град, во кој ќе можете да уживате и од џакузи. Станот содржи и негова и нејзината канцеларија и twin вграден гардеробер.

Прекрасните скали ве водат до пониското ниво, каде што има пространа семејна соба, со три дополнителни спални соби и две визби за вино. Француска врата ве води кон беспрекорно уреден двор. Зад висока жива ограда, скриен фантастичен простор за уживање на отворено, со кујна и камин, терен за голф и мало езеро за рибарење.

Како што дознаваме, овој дом прв пат е ставен на продажба во јуни, минатата година, по цена од 29,9 милиони долари, а неговата цена беше дури и намалена двапати – на 27,5, а потоа на 25,5 милиони долари. Овој пат, тој ќе се продава на аукција, без резерва.

Прочитај

Cotton Club

Силуетата изгледа издолжена и хармонична, а половината е визуелно нагласена, а да не зборуваме за удобноста. Доколку барате панталони кои визуелно го стеснуваат вашиот...

Green Tea

Што треба да јадете, а што генерално да избегнувате? Промените во животниот стил, вклучувајќи ја исхраната и губењето на тежината, се главните начини за...

Green Tea

Доколку имате проблеми со спиењето, тогаш овој чај е вистинското решение за вас. Кога се соочуваме со замор, несоница, стрес и нервоза, честопати бараме...

Green Tea

Дури и кога ќе го напуштите Фејсбук или Инстаграм, Мета може да продолжи да собира податоци за вашите онлајн активности ако сте најавени. Причината...

Advertisement