Дали некогаш сте се запрашале како веганите ги исполнуваат своите потреби за калциум?
На луѓето на возраст од 19-50 години им требаат околу 1.000 мг калциум дневно, додека на жените кои дојат и на луѓето над 50 години им требаат 1.200 мг на ден. Ако сирењето и млекото не се во нивната исхрана, како добиваат калциум?
Една чаша млеко може да содржи доволна количина на калциум (околу 300 мг), но има и друга храна што содржи уште повеќе и е дури 100% растителна!
1. TОФУ
Една чаша содржи околу 861 мг калциум, а исто така е богата со протеини и железо.
2. ОВЕС
Идеален избор за појадок, додека совршено оди со смути и похована храна. Омилената житарица на здравствените експерти содржи 400 мг калциум по чаша и неверојатна количина на растителни влакна.
3. НАУТ
Мешунките на кои им го должиме омилениот „фалафел“ содржат 420 мг калциум во две чаши и голема количина протеини и влакна.
4. ЗЕЛЕН ЗЕЛЕНЧУК СО ЛИСЈА
Зеленчук како кељ, спанаќ и рукола е одличен извор на калциум. На пример, салата од зелка (околу 4 чаши) содржи 376 мг!




