Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Најпопуларните парчиња облека на Инстаграм оваа недела

Ви откриваме што носат нашите омилени инфлуенсери оваа недела!

Пролетта официјално пристигна, што значи дека идеално време е нашата гардероба да стане побогата за неколку трендовски парчиња.

Доколку ги следите трендовите и ве интересира како изгледаат најмодерните парчиња облека што ги избираат инфлуенсерките овие денови, нашата галерија со фотографии ќе биде вистинското место за инспирација за вас.

Од модерни блејзери од твид, до парчиња плетена (трикотажна) облека – погледнете што треба да купите во наредниот период.

Минималистичка чанта
Чантата, соодветно наречена „Croissant“, сега е омилена меѓу инфлуенсерите. Со еластична кожа и минималистичка форма, ќе биде совршен додаток за пролет.

Обетки
На секоја девојка и требаат прстени, а ако ви здодеа едноставни модели, девојките на Инстаграм избираат помасивни „испреплетени“ обетки кои секој „look“ изгледа попривлечен.

Блуза со карнери
Црна блуза со деликатни карнери е совршено парче облека што лесно можете да го комбинирате со фармерки, миди здолништа и друга лесна облека од плакарот.

Crop Top

Како што Ели докажа со овој син модел на Zimmermann, „кроп топот“ може да изгледа многу елегантно ако е добар крој. Само додадете панталони со висок струк и високи потпетици и вашиот свечен аутфит е подготвен.

Цветен миди фустан
Класичен цветен миди фустан никогаш не излегува од мода. Овој модел изгледа прекрасно во комбинација со бели чизми, а во текот на летото ќе изгледа совршено со сандали.

Trench

Ако оваа пролет планирате да купите нов розов капут, овој модел на лакирана кожа е сè што ви треба за необичен и модерен изглед.

Син фустан

Син фустан од тул со карнери и длабоко деколте на грбот – совршен за забави на отворено во текот на пролетта и летото.

Твид јакна

Јакните од твид честопати можат да изгледаат многу формално, но овој модел со детали од тексас изгледа малку полежерно. Ни се допаѓа како Нети ја стилизирала твид-јакната со фармерки и високи потпетици.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement