Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Ако често го гледате бројот 111, Универзумот има важна порака за вас: Не ги игнорирајте овие важни знаци за иднината

Какво значење има ако често гледате преку бројот 111 – Универзумот има важна и моќна порака за вас!

Се верува дека Универзумот често комуницира со нас преку разни знаци, а еден од нив е нумерички обрасци, односно одредени низи на броеви.

Ако честопати гледате одредени броеви што се повторуваат, на пример на регистарски таблички, куќни броеви, сметки, на часовникот или на кое било друго место, тоа може да значи дека Универзумот ви кажува нешто важно.

Кетрин Хурст, експерт за Законот за привлекување, објаснува: “Универзумот користи броеви за да комуницира со нас и така суптилно нè потсетува дека треба да се фокусираме на нешто важно. Различни низи на броеви имаат различно значење”.

Според нумерологијата и во духовна смисла, најважни се „главните“ или ангелските броеви, како што се низите 111, 222 или 333.

Се верува дека најмоќната енергија и најважното значење е преку 111, и еве ја нејзината симболика:

Ако честопати гледате низа броеви од три единици, тоа значи дека сте на вистинскиот пат и дека вибрациите ви се на голема фреквенција. 111 ви кажува да го следите срцето и да ја слушате вашата интуиција. Повторувањето на оваа низа покажува дека сте на пат да достигнете највисоко ниво на духовно будење.

Вашите мисли, верувања и визуелизации се во совршена рамнотежа, што доведува до побрзо манифестирање на вашите желби. Оваа исклучително интуитивна бројка покажува дека сте силни и напредувате, но дека треба повеќе да верувате во себе, своите таленти и способности. Тоа ви покажува дека е време да го искористите максимално вашиот потенцијал.

Останете позитивни и работете на вашата свест и духовна страна. Ако не ги игнорирате знаците на Универзумот, можно е наскоро да имате можност да ја изградите посакуваната иднина.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement