Полна месечина во Вага ќе има најзначајно влијание врз Овен, Рак, Вага и Јарец!
Хороскоп – Полната Месечина не чека во недела, 28 март, кога Сонцето во Овен формира опозиција со Месечината во Вага. Ова е време на кулминација и ветување дека нештото што е започнато за време на новата месечина ќе заврши.
Оваа зголемена лунарна енергија носи силни емоции, романси, драматични раскинувања и промени што ги менуваат нашите граници и нè охрабруваат да излеземе од нашата лична зона на удобност.
Полната месечина влегува во знакот на Вага за време на владеењето на Овенот. Поларитетот Овен-Вага е многу интересно астролошко соединение. Овенот е храбар, тврдоглав и малку егоцентричен, додека Вагата е симбол на љубезност, компромис и рамнотежа.
Затоа, оваа полна Месечина ќе има важна мисија – нè мотивира да создадеме рамнотежа помеѓу задоволување на личните потреби и почитување на другите, помеѓу независноста и потребата на поврзаност.
Полната Месечина во Вага се фокусира на еднаквоста и правдата и нè охрабрува да ја создадеме секоја врска на автентичен начин, со правилни граници, но исто така и развиена емпатија и здрава доза на љубов.
Во многу емотивни врски ќе откриеме нешто ново, досега скриено и мистериозно. За време на полна месечина, Венера се усогласува со Сонцето и носи магична енергија за решавање на конфликтите. Ќе можеме да решиме многу односи од минатото, да научиме како да простуваме и да се ослободиме од токсични чувства и лоши спомени.
Сатурн создава тројка со јазолот Северна Месечина и се усогласува со Сонцето и Месечината. Ова е добар аспект за развој и учење, но исто така и за комуникација со властите, шефовите, деловните партнери.
Полната Месечина во Вага ќе има најзначајно влијание врз Овенот, Ракот, Вагата и Јарецот.
