Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

7 навики на паровите кои имаат одличен сексуален живот

Како можете да ја разгорите страста во долгорочните врски и да го подобрите вашиот сексуален живот? Џон Готман добро го знае ова. Познатиот американски психолог, терапевт и истражувач целата своја кариера ја посвети на анализа на љубовните врски, со акцент на бракот и разводот.

Готман беше разведен двапати, а сега е во брак повеќе од 30 години со својата трета сопруга, психологот и соработник Џули Готман. Во едно интервју, парот открива што всушност е потребно за да се има добар сексуален живот на долг рок. Што ќе ја одржи романтиката и страста во врската? Резултатите од истражување спроведено на 70.000 парови во 24 земји, откриваат какви секојдневни навики имаат луѓето со одличен сексуален живот и ова се навистина едноставни работи.

  1. Секој ден си кажуваат еден на друг дека се сакаат и навистина го мислат тоа.
  2. Тие страсно се бакнуваат без причина.
  3. Си даваат комплименти.
  4. Си приредуваат романтични состаноци.
  5. Се галат и разменуваат многу нежности.
  6. Разменуваат нежности во јавноста.
  7. Зборуваат отворено за нивниот сексуален живот.

Џули Готам советува да го игнорираме еден од најголемите митови за сексот, односно дека сексот мора да изгледа совршено. Огномети, ѕвезди на небото – Тоа не е реално. Сексот едноставно мора да биде онаков каков што сакате.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement