Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Малата црна колиба за одмор е на нашата листа за патувања

Пандемијата многу работи промени, но тоа не влијаеше на нашата желба да патуваме.

Секако, мислата за патување е во умот на сите – после грижата и борбата против вирусот, сонуваме за одмор на некоја далечна дестинација. Потребен ни е сериозен „рестарт-одмор“ на планина, покрај море или езеро.

Додека сонуваме да патуваме, во мислите имаме една затскриена колиба со поглед на море, каде ќе можеме да ги наполниме „батериите“ со позитивна енергија и ќе уживаме во природата што не опкружува. Секако, таква колиба постои. Во заливите сонцето на плажите во северниот дел на Сиднеј има ложа која се разликува од која било друга. The Little Black Shack се наоѓа на плажата Mackerel, идиличен дел од плажите во северен Сиднеј каде живеат уметници, актери и архитекти.

Кога ќе стигнете до Palm Beach (приближно 1 час од центарот на Сиднеј), остатокот од патувањето е со брод или траект. На половина пат преку заливот можете да видите мала дестинација која се наоѓа над ридот. Колибата за прв пат е изградена од рибари, уште во 1930 година. Денешните сопственици на колибата, Џејми и Ингрид, ја реновираа за 18 месеци, а сите материјали ги донеле со брод.

Колибата се состои од две спални соби, кујна, бања, дневна соба и доволно отворен простор, со неверојатен поглед и оние совршени „потреби“ за релаксација – импровизирана лежалка и туш на отворено.

Наутичките сувенири се наоѓаат на sидовите на колибата – само еден од многуте детали што ве враќаат во ерата кога овој прекрасен простор беше обичен рај за рибарите.

Едноставноста и рустикалната природа и даваат на оваа пријатна колиба „душа“. Внатрешноста располага со рециклиран и рачно изработен мебел со еклектичен микс на наутички антиквитети и колекционерски предмети собрани за време на патувањата низ целиот свет. Двете спални имаат луксузно меко постелнина, а оригиналната бања со песочник се одликува со голем бакарен туш, кој нуди зачудувачки поглед на море.

Иако оваа година не е идеална за прекуокеански патувања, ние сонуваме да понесеме костим за капење, залихи на храна и да поминеме извесно време правејќи специјалитети на оган, под ѕвезденото небо со звук на океанот што го гали крајбрежјето.

Прочитај

Green Tea

Иако често зборуваме за здравјето на срцето или дигестивното здравје, метаболичкото здравје сè уште звучи како апстрактен концепт за многумина. Ендокринологот д-р Чхаја Макија...

Green Tea

Високите температури можат да го уништат дури и најдобро нашминканото лице. Сепак, со неколку едноставни трикови, можно е шминката да остане свежа и трајна...

Wall Street

Според најновите гласини, компанијата Apple започнала со развој на паметен прстен. Се шпекулира дека ќе се вика iRing, но Apple би можел да избере...

Green Tea

Промените не се само физички – тие влијаат и на расположението, стресот и самодовербата. Период без сексуален однос не е невообичаен за многу луѓе...

Advertisement