Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Како да ги негувате рацете во текот на пролетта

Негуваните раце се важен елемент за убавиот изглед на секоја девојка.

Во исто време, кожата на рацете се разликува по тоа што е ранлива и чувствителна, а нејзината природна одбрана е слаба поради малиот број на лојните жлезди.

Пролетната сезона носи убаво време, но нашето тело страда од недостаток на витамини по долгата зима. Ова не е изненадувачки, бидејќи по зимата и есента, со отсуство на сонце и исхраната богата со свежо овошје и зеленчук, во телото се појавува авитаминоза.

Недостаток на витамин може да се манифестира на многу начини, од хроничен замор до опаѓање на косата, но најчест проблем е сувата кожа, особено на рацете.

Како може да и помогнете на вашата кожа да биде хидрирана и здрава?

За почеток, мора да запомните дека е потребно редовно миење на рацете, не само за време на пандемија, туку и воопшто. Измијте ги со благ сапун, не заборавајте да ја исушите кожата добро со крпа и да нанесете лесен хидратантен крем.

Исто така е важно да се прави пилинг на кожата на рацете со цел да се исчисти епидермисот и да се ослободат од мртвите клетки на кожата. Бањите и сите видови маски за чистење се исто така совршени. Изберете ги оние со природни состојки за да добиете максимална корист.

Сувата кожа на рацете, се разбира, треба постојано да се храни. На пролет, најдобро е да користите негување и заштитен крем за раце, а не хидратантна крема. Бидете сигурни дека кремот содржи хранливи масла, витамини А, Ц и Е, есенцијални масла и други билни состојки.

Многумина од нас имаат навика да нанесуваат крем на рацете непосредно пред да излезат надвор – проверете дали помине барем половина час помеѓу нанесувањето на кремот и напуштањето на куќата.

Со овие едноставни совети, вашата кожа ќе биде хидрирана и негувана.

Прочитај

____celebrity

Џеј Ло уште еднаш ги покажа своите беспрекорни модни избори. Откако присуствуваше на „свадбата на годината“ на Тејлор Свифт и Тревис Келс во петокот,...

____celebrity

Канадската поп-ѕвезда Џастин Бибер ќе биде еден од изведувачите на полувремето од финалето на Светското првенство во фудбал, приклучувајќи се кон поставата во која...

Green Tea

Верувале или не, во Јапонија, луѓето се оценуваат и врз основа на нивната крвна група, бидејќи веруваат дека таа го одредува нивниот темперамент и...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Advertisement