Луксузната модна куќа разви специјална верзија на својата класична чанта Викторија базирана на печурки…
Hermes штотуку го претстави својот прв чекор во светот на одржливи алтернативи на кожа. Познатата модна куќа се здружи со калифорниската startup компанија MycoWorks, за развој на еколошка верзија на класичната чанта Victoria, создадена од кожа на база на печурки.
Работејќи со MycoWorks, Hermes го патентираше Fine Mycelium, текстил добиен од печурка, и го трансформираше во материјал сличен на кожата, наречен Sylvania. Модната куќа користела кожа од Sylvania како основа за новата чанта Victoria, во која има и платно и елементи од кожа. Оваа иновација ни го покажува зголемениот интерес на славната марка за темата на одржливост, како и нивните напори за целосно елиминирање на материјалите од животинско потекло, вклучувајќи крзно и крокодилска кожа.
Според истражувањето спроведено во 2019 година, кое открива дека отстранувањето на кожата од употреба може да биде следниот чекор – истражувањето открило дека дури 37 проценти од Британците и 23 проценти од Американците сметаат дека кожата е „донекаде несоодветен материјал“ за правење облека.




