Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Rolls Royce Phantom Tempus: Вистинско уметничко дело

Rolls Royce ја отвора вратата кон сосема поинаква форма на луксуз со своето најново, ултра-ограничено издание…

Познатиот модел Phantom е редизајниран и сега освојува нов универзум – од величествено тело до Kairos Blue кое содржи честички Blue Mica, што укажува на ѕвездено совездие, овој модел нуди можност за персонализирање на познатата маскота Spirit of Ecstasy, гравирање датум или локација на неа.

Во внатрешноста на возачката кабина, уникатното патувачко искуство продолжува низ sвезденото небо, наречено Pulsar Headliner – пулсар е редок астрономски феномен, кој содржи бели sвезди кои испуштаат електромагнетни импулси и создаваат навистина специјална светлина. Затоа, новиот систем за осветлување содржи и мали перфорации, создавајќи ефект на сонот што ќе ги маѓепса сите патници. Вратата, исто така, се прелива во различни светла што нè потсетува на ѕвезден вортекс, додека контролната табла е рачно полирана и создадена од легура на алуминиум, со своите сто колони, нè асоцира на периодот на ротација на пулсарот стар 100 милиони години.

Кога станува збор за моторот, неверојатниот седан долг 5,76 метри крие 6,7-литарски V12 мотор, со 571 коњски сили. За да станете еден од дваесетте идни сопственици на фантастичен автомобил, треба да заштедите најмалку половина милион евра. Како бонус, клиентите ќе имаат можност да добијат рачно насликана кутија Tempus Collection која содржи четири кристални чаши за шампањ, кои, како и секогаш, заедно со кавијар, ќе го најдат своето место во својот посебен оддел, кој е неопходен дел од секој Rolls Royce модел.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement
casibom