Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Инфлуенсерка потрошила милиони за да личи на Ким Кардашијан

Обожавањето на одредена славна личност е една работа, а опсесијата е сосема друга…

Во втората категорија дефинитивно спаѓа обожавателката на Ким Кардашијан, која потрошила околу 1,3 милиони долари за да го имитира нејзиниот стил. Шели Д.Н., или Chaly, потрошила неверојатна сума на пари за својот изглед, гардероба и колекција накит, за да изгледа идентично како Ким на прв поглед.

Гардероберот на Шели е полн со часовници Rolex, облека од Prada, Gucci и Balmain, во вредност од над 41 000 долари. Како да тоа не било доволно, таа признала дека правела ботокс и филер зафати, за целосно и „совршено“ да изгледа на Ким.

Лондонската инфлуенсерка има огромна база на следбеници и признава дека ужива во вниманието што го добива, и често потпишувала договори со големи модни брендови, особено популарни на социјалните мрежи. Покрај овие ангажмани, Шели имала можност да соработува и со луксузни дизајнери како Нина Наустдал, кога позирала во луксузни фустани покриени со кристали.

Зборувајќи за нејзината опсесија со Ким Кардашијан, Шели изјави: „Почнав да ја следам на Инстаграм и мислев дека сме неверојатно слични. Имаме сличен стил, и сè што гледам на неа, сакам да го имам. Луѓето постојано ми велат дека изгледам како неа, без разлика дали ме гледаат на улица или на забава. Обожаватели ме застануваат да се фотографирам со нив, и јас навистина уживам во целото тоа внимание“.

Сепак, таа застана во своја одбрана и се обиде да докаже дека намерно не ја копирала Ким: „Луѓето мислат дека мојот стил се базира на нејзиниот, но ние сме две различни особи“, изјави Шели. Сепак, сè уште ни се чини дека некој копира некого… Што мислите вие?

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement