Особено се препорачува за зиморливи луѓе…
Сите пиперки содржат капсаицин, а кога јадете нешто што ја содржи оваа состојка, има подобрена циркулација во вашето тело.
Исто така, кога оваа состојка ќе дојде во контакт со кожата, крвните садови се шират и по тој повод, се стимулира дополнителен проток на крв и се обезбедува топлина на тоа подрачје.
Ако сте зиморливи или имате проблеми со замрзнати стапала, пробајте да размачкате лути пиперки на нозете.
Нозете не само што ќе бидат потопли, туку и ќе го подобрите квалитетот на сонот.
Наједноставен начин е да посипете прав од чили пиперка рамномерно на нозете и прстите или да ја посипете во чорапите.
Бидете внимателни и не претерувајте бидејќи може да стане премногу топло, што може да предизвика и други несакани ефекти.
Прашокот од лутата пиперка никогаш не треба да се посипува во бели чорапи затоа што ќе добијат друга боја, а во некои случаи стапалата може да станат црвени. Најдобро е постепено да ја зголемувате количината на пиперки додека не постигнете совршена мерка за вас.


