Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

„The Queen’s Gambit“ продолжува на Бродвеј

Една од најпознатите серии на Нетфликс во 2020 година ќе биде претворен во мјузикл.

Откако постави „стриминг“ рекорд и освои многу награди, хит серијата на Нетфликс „The Queen’s Gambit“ станува мјузикл на Бродвеј.

Level Forward, продуцентската куќа која стои зад филмот „Slave Play“ на Џереми О’Херис и „Jagged Little Pill“ на Аланис Морисет, ги обезбеди правата на романот на Валтер Тевис врз кој се базира серијата.

Минатиот месец, серијата го однесе Златниот глобус за најдобра мини-серија, додека Ања Тејлор-Џој како Бет Хармон ја освои наградата за најдобра актерка на Златниот глобус и Critics’ Choice Awards.

Серијата ја следи шахистката Бет Хармон, која наоѓа успех во нејзината новооткриена вештина, додека се бори против зависноста од дрога. Во серијата игра и Томас Броди-Сангстер како Бени Вотс, натпреварувач во шах и пријател на Бет.

Во изјавата, извршниот директор на Level Forward, Адриен Бекер и продуцентката Џулија Дањец изјавија: „За Level Forward е привилегија да се донесе „The Queen’s Gambit“ на сцената преку саканиот и траен занает на музичкиот театар.“

Инаку, ова нема да биде првиот „шах“ мјузикл. Во 80-тите години на минатиот век, мјузиклот „Chess“ беше исклучително успешен, со приказна сместена околу ерата на Студената војна со музика на Бени Андерсон и Бјорн Улвеус. По многу емисии ширум светот, премиерно е прикажан во Москва пред само неколку месеци, некаде во времето кога The Queen’s Gambit се појави на Нетфликс.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement