Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

5 генијални европски музеи на кои дури и пандемијата не им може ништо

Вториот бран на пандемијата повторно ги принуди музеите и галериите или да се затворат или да работат со намален капацитет. За среќа, постои алтернатива, можете да уживате и во музеи на отворено со минимален епидемиолошки ризик!

Парк на скулптурите Бомарзо, Италија

Овој ренесансен парк е најстариот парк со скулптури и потекнува од 16 век и се наоѓа во градот Бомарзо на околу 90 км оддалеченост од Рим на север од регионот Лацио. Името Sacro Bosco (преведено како „маѓепсана шума“) или „паркот на чудовишта“ како што е уште именуван, благодарение на скулптурата „Устата на Оркус“.

Паркот е дизајниран од архитектот Пиро Лигорио, каде сирени, нимфи, змејови и многу други митолошки суштества можат да се најдат во паркот. Во последните 5 века, природата полека, но сигурно го презема „главниот збор“ во паркот, што и дава особено мистичен и донекаде плашлив изглед.

Schlossgut Schwante Park, Берлин, Германија

На само 25 километри од Берлин се наоѓа барокен замок со парк кој се протега на 10 хектари. Купен и претворен во фасцинантен музеј на отворено од страна на познатите колекционери Лорета Вуртенберг и Даниел Тумпел.

Паркот е украсен со 25 прекрасни современи скулптури од кои само неколку се јасно видливи, а останатите се мешаат во пејзажот што посетителите мора да ги бараат со долги прошетки низ целиот парк. На овој начин се промовира здрав живот, а освен во музејот, во градината се организираат и ликовни работилници, јога и медитација, концерти и танцови претстави.

Ekebergparken, Осло, Норвешка

Паркот за скулптури Ekebergparken се наоѓа на ридовите во близина на Ола и неговиот фјорд. Отворен е во 2013 година во соработка со колекционерот Кристијан Ринес. Меѓу боровите и брезите се наоѓаат 42 скулптури на реномирани уметници како Роден, Дамиен Хирст, Марина Абрамовиќ, Дали и Џејмс Турел. Изложба на Skyspace на уметникот Џејмс Турел, во која доминираат светлосните ефекти, е исто така отворена секоја недела. Покрај изложбата, ридовите нудат прекрасен поглед на Осло.

Фондација Maeght, Франција

Во средината на 60-тите години на минатиот век, Аиме Мегт и неговата сопруга Маргерит основаа фондација што обедини фасцинантни дела од уметноста во 20 век. Сместено е во селото Saint Paul de Vence, на неколку километри од Азурниот брег. Тука ќе најдете дела од Алберт Џакомети, Александар Калдер и Џорџ Брејк, како и лавиринт дизајниран од Хуан Миро, кој е добар пријател на двојката Maeght.

Музејот Chillida Leku, Hernani, Шпанија

Во градот Херани во провинцијата Гипускоа има голем музеј на отворено каде можете да видите некои од најважните скулптури на шпанскиот автор Едуардо Чилида. Во паркот има 40 скулптури кои се расфрлани на површина од 11 хектари. Посетителите можат да ги допрат скулптурите и да допрат различни текстури за комплетно доживување на работата.

Прочитај

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

____celebrity

Според одредени американски медиуми, актерката Дајан Китон му оставила пет милиони долари на своето сакано куче по нејзината смрт. Добитничката на Оскар Дајан Китон...

Advertisement