Ако сте гладни помеѓу оброците и едвај чекате ручек или вечера, постојат „закуски“ кои содржат помалку од 100 калории, и тие совршено ќе го задоволат вашиот глад. Откриваме дури пет алтернативи.
Свежо овошје
Едно јаболко содржи 92 калории, банана – 107 и круша – 86. Ова нискокалорично овошје е идеално ако сте постојано во движење, бидејќи не мора да се сече или да се лупи со нож. Содржи многу витамини, растителни влакна, како и микро и макро елементи. Апсолутно сите плодови се богати со ензими кои учествуваат во скоро сите телесни функции и му даваат енергија на организмот.
Тврдо варено јајце
Добро подготвеното варено јајце содржи околу 75 калории. Можете да го посолите јајцето, или да додадете омилен сос или неколку парчиња краставица или бибер. Јајцата се богати со витамини А, Б2, Б5, Б6, Б9, Б12, Д, К, Х и ПП, како и калциум, магнезиум, цинк и други корисни материи.
Половина авокадо
Половина авокадо содржи околу 80-100 калории. Ве советуваме да го исечете овошјето на парчиња, да додадете зачини и неколку капки маслиново масло. Авокадото е богато со витамини Б, Е, А, Ц, К, како и многу минерали.
Овесна каша
Во 100-150 грама овесна каша има околу 100 калории. Прелијте ја овесната каша со зовриена вода и оставете ја 2-3 минути, а потоа додадете неколку бобинки или парчиња сезонско овошје. Овесната каша содржи витамини Б1, Б2, Е, Х и ПП, како и калиум, калциум, магнезиум, натриум, цинк, железо и фосфор. Покрај витамини, диеталните влакна содржани во овие житни култури ја стабилизираат работата на гастроинтестиналниот тракт.
Јогурт
Во повеќето случаи, стандардна чаша јогурт има помалку од 100 калории. Земете ја класичната верзија (за да избегнете шеќер) и додадете свежи бобинки или вашето омилено овошје. Голема количина на витамини Б12, Б3 и А во составот на ваквите ферментирани млечни закуски може да обезбеди енергија на организмот, да го нормализира нервниот систем, да го регулира нивото на холестерол во крвта и да се бори против инфекциите.

