Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Chanel со новата колекција нè носи во боемските 70-ти

Опуштената женственост и силните контрасти се среќаваат во новата колекција на Virginie Viard.

На самиот финиш на модната недела во Париз, Chanel ја претстави својата колекција за сезоната FW21 со видео во режија на фото-дуото Inez & Vinoodh. Креативниот директор на брендот Chanel создаде колекција што го рефлектира парискиот кул шик со опуштени, спортски силуети.

Дури и по првите тизери на новата Chanel модна ревија, можевме да претпоставиме која ера ја инспирирала Virginie Viard овој пат. Песната на Diane Ross, драматична шминка со нагласени очи на моделот Lole Nicon, светкави ресни завеси – сето тоа не потсети на седумдесеттите години.

Всушност, идејата за колекцијата се заснова на два примарни извори. „Оваа колекција е комбинација од две влијанија: атмосфера одмор на ски-центар, која ја обожавам, и одредени идеи за парискиот шик од 1970-тите до денес“, објаснува креативната директорка.

Палта, крзнени чизми, ски чизми и ватиран комбинезон со култно лого CC во комбинација со твидски јакни се појавија во колекцијата. Оваа сезона немаше високи потпетици и свечени одела – хероина колекцијата одмарала, но и како што одмара, таа останува икона на стилот.

Самата презентација беше вистинско уживање. Наместо грандиозната сала, беа избрани мали салонски простории, модели кои се шминкаа, се насмевнуваа и разговараа едни со други: сето тоа потсетуваше на старите салонски ревии, кои изгледаа многу порелаксирано и пријатно. „Можеби тоа е поради времето во кое живееме, но јас сакав да смислам нешто многу топло и живо. Се сетив на старите модни ревии за кои ми рече Karl Lagerfeld, каде што самите модели се облекуваа и се шминкаа “, ја коментираше својата идеја Virginie Viard .

Едноставно кажано, жените од Chanel во сезоната есен/зима се кул, шик и секси, барем во визијата на Virginie Viard и Chanel.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement
betgaranti   betgaranti   slotbar   slotbar   onwin   onwin   rexbet   rexbet   casibom