Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

10 метри над земјата: Куќа од дрво во форма на конус со уникатен поглед

На 10 метри над земјата, лебдејќи покрај гранките на волшебната шума од црвено дрво во Bonny Doon, Калифорнија, се наоѓа The Treehouse Pinecone. Оваа колиба во форма на конус со една спална соба нуди спектакуларен поглед од 360 степени на околината.

Иако гарантира целосна релаксација и мир во прекрасната природа, тоа не е за секого, особено за оние кои се плашат од височина.

Имено, само скалите водат кон прекрасната градба. Постојат достапни сигурносни појаси при качување, но сепак е потребна физичка подготвеност и напор. Затоа куќата не е наменета за деца под 12-годишна возраст.

Куќата се состои од една соба – застаклена спална соба со двоен кревет за најмногу две лица – опкружена со дрвја од црвено дрво. За жал, купатилото со туш и послкиот тоалет се наоѓа долу на природната површина. Тоа ви кажува колку треба да бидете спремни ако ве фати „зорт“ на 10 метри височина…

Куќата обично се изнајмува преку онлајн платформата Airbnb по цена од околу 23 000 денари за една ноќ, но во моментов нема достапни датуми за резервација. Погледнете како изгледа животот во куќа на висина од 10 метри во галеријата со фотографии.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement