Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Серена Вилијамс со својата тригодишна ќерка во новата кампања на Stuart Weitzman

Светската шампионка во тенис и нејзината ќерка заедно позираа во новата кампања на Stuart Weitzman…

Брендот Stuart Weitzman ја ангажираше својата глобална амбасадорка заедно со најзината мала слатка девојка како протагонисти во новата кампања, наречена „Footsteps to Follow“. Тригодишната ќерка на тениската sвезда, Алексис Олимпија Оханијан, позираше заедно со нејзината мајка во серија нови фотографии, со што колекцијата пролет/лето 2021 на брендот се најде во центарот на вниманието.

Облечена во високи потпетици во големина за возрасни, Олимпија докажа дека е природно талентирана во светот на модата. „Да бидам на сет со Олимпија додека ја снимав оваа кампања многу ми значеше и дефинитивно е момент кој никогаш нема да го заборавам“, изјави Вилијамс. „Таа е мини Серена; тоа е толку симпатично и забавно И, додека се обидувам да ја научам да има позитивно влијание врз нејзината околина, всушност, таа ме учи како да бидам секој ден уште посилна“.

Фотографирана од Итан Џејмс Грин, кампањата ги истакнува клучните стилови од новата колекција на Stuart Weitzman, вклучувајќи сандали Lyla Flat, кожни slip-on и Gala Lift Gladiator модел. Нора претставува интересен пресврт во стилот на класични Chelsea чизми, додека Roza Lift се разноврсни папучи со детали изработени од плетена рафија.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement