Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен 90 минути од Лондон, а денес се изнајмува по цена од 11.000 до 30.000 евра неделно.
Познатата 47-годишна манекенка, која има свој имот во англиските Костволдс, заедно со многу други познати личности од 2015 година, работеше на дизајнот на ентериерот на наведениот имот. Во тоа време, таа рече дека на имотот гледа како на совршено бегство од метежот и вревата во градот. Со британското студио за дизајн Yoo, таа создаде декор кој вклучува врамени слики од сама себеси.,











