Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Единствениот член од кралското семејство со кој Меган останала блиска: Само ТАА не ѝ свртела грб!

Меган Маркл (39) отсекогаш била „црна овца“ на британското кралско семејство, особено откако ги напушти кралските должности со принцот Хари во 2020 година, односно кога двојката започна самостоен живот во Америка.

Тогаш таа стана една од најомразените членови на кралското семејство, на која многумина и свртеа грб. Сепак, таа сè уште е во контакт со едно лице од кралскиот двор.

Според списанието „US Weekly“, војвотката од Сасекс и принцезата Јуџин, наводно, се многу блиски и покрај одлуката на поранешната актерка и нејзиниот сопруг да го напуштат кралското семејство.

“Принцезата Јуџин е всушност единствениот член на семејството со кого Меган остана во добри односи. Тие успеаја да останат во контакт, а уште повеќе се зближија за време на бременоста”, изјави неименуван извор за медиумите.

Princeza Judžin

Имено, Меган, која го роди својот син Арчи во мај 2019 година, објави дека е бремена со своето второ дете приближно во исто време кога принцезата Јуџин доби син со нејзиниот сопруг Џек Бруксбанк.

Покрај тоа што се радуваа на бебињата што ги споделуваат, и Меган и принцезата Јуџин рекоа судбоносно „да“ во 2018 година, со само пет месеци разлика. Меган и Хари одржаа венчавка од бајките во мај 2018 година, додека внуката на кралицата Елизабета Втора се зема со саканиот во октомври истата година

Овие настани ги зближија уште повеќе.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement