Ако сте љубител на сутлијаш, тогаш е вистинско време да го пробате оригиналниот рецепт од Турција, со цел целосно да уживате во полнотата на вкусот.
Потребно е:
6 шолји вода
2 чаши ориз
3 чаши млеко
15 лажици шеќер
2 ванилин шеќери
1 пудинг од ванила
цимет по желба
Подготовка:
Ставете вода на шпоретот, а кога ќе зоврие додадете ориз и промешајте за да не изгори. Кога е скоро готово, додадете млеко, шеќер и ванилин шеќер. Непосредно пред крајот, додека смесата сѐ уште не е густа, изматете го пудингот што претходно сте го измешале со малку млеко во него. Оставете да проврие и извадете го од ринглата. Истурете ја смесата во влажни чинии и додадете цимет по желба.
