Актерката Пенелопе Круз има омилени козметички третмани во кои често ужива, а кога станува збор за кремите, смета дека најважни се оние со висок процент на навлажнувачки состојки.
„Правам суво четкање, верувам дека овој ритуал чисти токсини од телото“, коментира Круз за сè попопуларниот третман.
Го храни лицето со навлажнувачки креми, а открива и склоност кон гаџети како што се ролери.
„Мојот шминкер обично ми прави третман со ролери пред премиерите“, рече актерката.
Таа исто така знае неколку трикови кога станува збор за нега на косата.

“Јас пораснав со мајка ми во фризерски салон, знам како да ја одржувам косата здрава. Можам професионално да ја скратам, фарбам и да ја исушам косата. Дури и ја правев косата на Салма Хајек пред една премиера. За време на подготовките немаше електрична енергија, па и ја обликував косата само со светлината на свеќи, тоа беше голем предизвик “, се сеќава Круз.
Познатата актерка често носи модерни шишки, таканаречени curtain bangs.
На црвениот тепих, таа претежно носи високи пунџи и посилна шминка.
