Двојката се пофали со среќната вест на Инстаграм.
„7“, напишала Хилариа (37) во описот на фотографијата на која позира со децата, а „седум“ се однесува на бројот на деца што ги има Алек, вклучувајќи ја и неговата ќерка Ајрленд(25), која ја доби со поранешната сопруга, актерката Ким Бесинџер (67).
Истата фотографија ја објави актерот, кој напиша: „Мојот живот“.
Веста ги изненади обожавателите, имајќи предвид дека парот пред шест месеци го доби синот Едуард, а тие дури и не зборуваа за очекување на уште едно дете. Полот на бебето сè уште не е познат, како и дали детето е посвоено или родено од сурогат мајка.
Во секој случај, вљубените кои имаат четири сина и една ќерка сега се побогати за друг член на семејството. 62-годишниот Болдвин неодамна се пошегува дека неговата сопруга сака да „собира бебиња“.
“Им кажувам на луѓето дека мојата сопруга е колекционер. Некои собираат автомобили, некои собираат часовници, уметнички дела. Мојата сопруга собира бебиња. Таа сака бебиња”, рече тој во емисијата со Елен Деџенерис (63).
