Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Секогаш во чекор со времето: „Queen“ слави 50 години од основањето со видео игра

Легендарниот британски бенд „Квин“ реши да ги изненади своите фанови на необичен начин. Гитаристот Брајан Меј и тапанарот Роџер Тејлор најавија издавање на играта „Квин“ за мобилни телефони.

Така, „Квин“ стана еден од првите бендови со нивната официјална игра. Идејата е да се одбележи 50-годишнината од основањето на славниот бенд. Играта „Queen: Rock Tour“ е веќе достапна за преземање. Објавувањето на оваа игра се совпаѓа со 50-годишнината од основањето на бендот и ќе и даде можност на публиката да се забавува и да се потсети на најважните моменти од историјата на групата.

Фановите можат да изберат дали во играта ќе го прифатат аватарот на Фреди Меркјури, Роџер Тејлор, Брајан Меј или он Дикон. Тој ќе го следи бендот преку 10 историски настапи што ја сменија историјата на рок-музиката.

Играта ги нуди 20-те најголеми хитови на бендот, како што се „Bohemian Rhapsody“ или песните „Don’t Stop me Now“, „We Will Rock You“ и „Radio Ga Ga“. Доколку играчите постигнат одреден успех и ги завршат задачите, ексклузивни фотографии и содржини се отклучуваат како еден вид на награда.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement