Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Четири начини на кои сами го саботирате вашиот љубовен живот

Сигурно сте слушнале многу пати од пријателките: „Едноставно сите добри мажи се зафатени!“ Она за што не размислуваат, или вие самите, е фактот дека жените многу често избираат погрешни мажи за себе.

Со овие потези се саботирате себеси во наоѓањето вистинска љубов:

Ја искривувате реалноста

Ако маж ви каже дека не сака да се врзува или дека не е подготвен за сериозна врска, верувајте му. Не сфаќајте го како предизвик во кој тој се вљубува во вас и сфаќа дека вие сте делчето што недостасува во неговата сложувалка за среќа.

Ако сакате врска, со маж кој истакнува дека не ја сака, нема што да барате таму.

Вие прифаќате неприфатливо однесување

Тој ве навредува, игнорира и омаловажува, а вие сепак го оправдувате? Дали разбирате што не е во ред тука? Ако се сметате себеси за личност достојна за љубов, ќе избегате од таква личност без оглед на околностите.

Вие прифаќате помалку отколку што заслужувате

Ако сте свесни дека не сте целосно задоволни од односот во кој сте, но го оправдувате со реченицата дека „може да биде и полошо“, вие стоите на патот на вашата среќа. Можеби маж кој не ве прави среќни е сродна душа на друга жена, а некој маж што не прави друга жена среќна е вашата.

Не знаете што навистина барате кај мажот

Можеби сè уште не сте сигурни точно какви квалитети треба да има вашиот идеален маж. Добро е, но тогаш не треба да присилувате врска, туку истражувајте и дојдете до заклучок што точно сакате.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement