Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Лажната вест за глумицата од Хари Потер го обиколи светот: Менаџерот на Ема Вотсон ја откри вистината

Веста дека Ема Вотсон, познатата Хермиона од филмовите и „Хари Потер“, ја замрзна нејзината кариера до понатамошно известување, и таа нема да се врати на актерството, го обиколи светот вчера. Но, се покажа дека се лажни информации.

Многубројните обожаватели на Ема ја дочекаа со ентузијазам.

Проблемот го создаде публицистот на Ема, кој наводно за „Дејли Меил“ изјавил дека кариерата на Ема е „замрзната“ и дека таа нема да „прифаќа нови обврски“.

Последниот проект на кој работеше Ема, судејќи според нејзината страна од ИМДБ, е „Little Women“, снимен во 2019 година.

За среќа, се покажа дека ова не е вистина. Нејзиниот менаџер Џејсон Вајнберг зборуваше за Entertainment Weekly.

„Социјалните мрежи на Ема се замрзнати, но нејзината кариера не е“, рече тој, пренесува BuzzFeed.

Да потсетиме, изворите на „Дејли меил“ рекоа дека Ема целото свое време го поминува со нејзиниот наводен свршеник Лео Александар Робинтон и дека можеби ќе сака да основа семејство. Медиумите потсетија дека нејзината страница на Инстаграм не е ажурирана подолго време.

Што се однесува до фановите на Ема, тие се надеваат дека ќе ја видат на големите и малите екрани што е можно поскоро. Не само нејзиниот талент, туку и пристојноста, грациозноста, скромноста, одбивањето да се понижи или исмејува некого во која било ситуација, па дури и само заради невин хумор, се причините зошто оваа млада и позната актерка и е потребна на филмската индустрија .

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement