Состојки (до шест лица):
- 500 гр тестенини пене (цело пакување)
- 2 пара колбаси
- 200 гр сирење
- 200 гр пире од домати
- 100 мл масло
- 2 чешниња лук
- зачини: сол, бибер, чили и власец
Подготовка:
Исецканите колбаси пржете ги на масло од сите страни. Додадете сецкан лук, прелијте со домат и сол. Гответе до посакуваната густина.
Гответе ги тестенините во солена вода. Исцедете ги тестенините и измешајте ги со сос од домати и колбаси. Додадете зачини. Пренесете го сето ова во сад за печење.
Додадете го ренданото сирење пред печење. Садот печете го во рерна на 190 степени. Доволно е да се пече десет минути за да се испече убаво.
Послужете со зелена салата, а и киселата зелка ќе оди одлично.
Пријатно!
