Опуштен и модерен стајлинг на актерката.
Меган Фокс неодамна соработуваше со стилистката Мејв Рајли, која е одговорна за изгледот на Хајли Бибер и на многу други модни познати личности. Нејзините стајлинзи сега се очекува да бидат многу поспектакуларни и поинтересни.
На пример, вчера, додека шеташе низ Лос Анџелес, 34-годишната актерка избра црни панталони „Acne Studios“ со класичен крој, преголем кардиган од Celine, најлонска торба Prada и патики Golden Goose. Шапка, накит и светла шминка со акцент на усните го надополнија необичниот изглед на ѕвездата.
.jpg)
