Шик и удобни парчиња кои засекогаш ќе имаат место во вашата гардероба.
Луксузната онлајн продавница Mytheresa најави соработка со шведскиот моден бренд Toteme за ексклузивна капсула колекција што ќе содржи парчиња рециклиран полиестер.
Колекцијата „Toteme x Mytheresa“, која доаѓа одделно од колекцијата SS21 Toteme, ќе вклучува 9 парчиња исклучиво во нови неутрални тонови. Минималистичката естетика на брендот е присутна и во новата линија која нуди елегантни и удобни парчиња, кои ги надминуваат трендовите и можат засекогаш да заземат место во вашата гардероба.
Во новата колекција „Totems x Mytheresa“ наоѓаме беж комплет, здолниште и фустан изработен од рециклиран полиестер, тексас панталони, бел ленен фустан со издувани ракави, тексас јакна и топол син џемпер со големи димензии.
Откријте како изгледаат парчињата од новата колекција во галеријата со фотографии.








