Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Агаве сируп: Како настанува и кои се неговите предности?

Агаве сирупот станува сè попопуларна замена за класичниот шеќер поради неговиот многу низок гликемиски индекс (ГИ) од 27. За споредба, ГИ во медот е 83, а во белиот шеќер дури 137. Инаку, ГИ е мерка за интензитет на нивоа на гликоза во крвта после јадење одредена храна.

И додека ГИ во сирупот од агаве е низок, во исто време е посладок од шеќерот.

Помага при инфекции, го стимулира варењето …

Луѓето долго време веруваа дека агавето потекнува од семејството на кактуси поради својот изглед, но всушност е растение од семејството на лилјани. Отпорен е на високи температури, а во Европа пристигна од Мексико уште во 1561 година. Античките Ацтеки користеле мешавина од сируп од агава и сол за лекување на рани или како помош при инфекции на кожата.

Нектарот се добива од лисјата на ова растение, на возраст од седум до 14 години, кои по вадењето на сокот се сушат и се претвораат во сладок прашок, кој се користи и при подготовка на храна. Сокот потоа се филтрира и се загрева на ниска температура за да се одделат полисахаридите, а главниот е инулин кој е поврзан со намалување на нивото на холестерол во крвта и други здравствени придобивки.

24sata

Сирупот има антиинфламаторно и антибактериско дејство. Покрај тоа, содржи влакна кои помагаат во варењето на храната подобро, а исто така е добро и за зајакнување на имунитетот. Агаве сирупот, исто така, ја поддржува апсорпцијата на некои минерали, како што се калциум и магнезиум, како што потврдија научниците од Националниот политехнички институт во Мексико.

Ако одлучите да го вклучите во вашата исхрана, бидете внимателни и купете сируп добиен од лисја од агаве, а не од неговиот корен. Изберете ги оние органски, посветли бои. Имено, сирупот од агава што се обработува на високи температури има потемна боја и поинтензивен вкус.

Можете да го користите за сè и сè, од подготовка на колачи, маринади, џемови … до пецива што се прават со сусам затоа што вкусовите на сусам и агаве одат добро заедно, пренесува Атма.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement