Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Дали некогаш имате впечаток дека модните дизајнери само се шегуваат?

Дали некогаш имате впечаток дека модните дизајнери со некои парчиња само се шегуваат? Како поинаку да се објаснат парчињата облека што ги прават познати брендови, а кои изгледаат како да ги дизајнирале двегодишни деца?

Како пример за оваа теза, приложуваме нов џемпер Луј Витон од кој висат дури 14 плетени кукли.

Зошто возрасните би носеле вакво нешто, за нас е целосна мистерија. Каде се овие луѓе со животински кукли на облеката? Не ги гледаме низ градот…

Она што особено ги налути корисниците на социјалните мрежи е цената на овој необичен џемпер. Имено, се продава за неверојатни 8100 долари!

Еден корисник на Твитер напиша дека може да го изработи за 25 долари, додека друг рече дека е можно да се создаде за 10 долари. Сите сепак се согласуваат за една работа, а тоа е дека џемперот изгледа многу грдо, без оглед на цената по која се продава.

Што мислите? Дали би носеле вакво нешто на себе или ќе се држите до класичните парчиња облека?

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement