Оваа година некако не натера да копаме низ спомените и да бараме бегство од секојдневниот живот во старите добри времиња, не само во мода, туку и во рекреација. Ако имате 30-тина или повеќе години, многу е можно како дете да сте поседувале ролерки или „рошули“ што се состоеле од метална основа и 4 тркала, со врвки за врзување, или да сте имале малку пософистицирано верзија на некои чизми до глужд со врвки. И сите што некогаш се возеле на ролерки се сеќаваат на тоа чувство на леснотија при движење, откако веќе совладале одржување рамнотежа и кочење. Добрата вест е дека овој вид на вежба што веднаш го крева расположението – и на сите ни треба – се враќа!

Во своето најново видео, Дуа Липа изнајми ролерки кои ќе ги натераат сите да станат од каучот и да се активираат со своите движења и тонови на поп-музика. Но, Дуа Липа не е првата што го романтизирала спортот во последно време во своето музичко видео – уште во 2014 година, Бијонсе и нејзините танчери доминираа во салата за ролерки во спотот за песната Blow.

Инспирацијата за овие видеа доаѓа од roller discоs, кои имаат единствена естетика. Ролер-дискотеката беше многу популарна форма на забава, пред се во САД во 70-тите и 80-тите години на минатиот век, што комбинираше дружење, популарна музика и вечерно излегување со спортска активност. Може ли да биде подобро? Самата историја на ролери е многу подолга, а првите ролерки се појавуваат во 18 век, но вистински бум доживеале дури во 20-от, по многу подобрувања во дизајнот и перформансите, благодарение на новите материјали.

После делумниот заборав на почетокот на 21-от век, ролерирањето доживеа преродба оваа година благодарение на поп-културата, но пред сè – социјалните мрежи. Инстаграм и ТикТок се преполни со привлечни видеа и упатства кои не тераат да помислиме дека нема ништо полесно од танцување на ролерки, а и познати личности како Стиви Никс не му одолеаа на овој тренд.
Добрата вест е дека не ни требаат спортски сали за да се занимаваме со овој спорт затоа што може да се тркалате на улица (по можност на рамен и мазен тротоар), па дури и дома, ако имате доволно простор, издржливи подови и толерантни соседи.
И иако гледањето видеа со инфлуенсери на ролери како Оуми Јант изгледа многу едноставно, прашања од типот – дали сум сè уште несмасен како дете и колку време ќе ми треба да ги совладам барем основните движења, а чувството за слобода што зрачат овие објави ги надвладува и одам во потрага по ролерки (и заштитна опрема)..
