Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Колкав е всушност рокот на траење на шминката?

Дали навистина им обрнувате внимание на оние криптични сликички на пакувањата за шминка со етикети како 3M или 6M или ја фрлате шминката така, кога ќе ја потрошите или кога ќе се исуши?

Бидејќи „старата“ шминка може да стане плодна почва за габи и бактерии кои, верувајте ни, воопшто не сакате на вашето лице, сепак треба да ги земеме марки на истекување малку посериозно. Ако ви е тешко да водите евиденција во вашата глава кога отворате производ, ви предлагаме да креирате мал дневник за козметика во кој ќе запишувате такви информации. Покрај тоа што ќе ви помогне да ги избегнете грдите последици од излитената козметика, веројатно ќе купите и помалку. Поубава кожа, подебел паричник, повеќе простор во бањата, сите се среќни.

Ако сте нешто како нас, сигурно имате скриени некои антички кармини во фиоките за во бањата, и ако се плашите дури и да започнете да броите кога сте го купиле, веднаш фрлете го во ѓубре со изговори „но јас скапо платив за тоа“ и „но таа боја многу добро ми одговара“. Дали би чувале скапо француско сирење со години откако ќе се расипе? Ете ви. Еве мал едукативен водич за тоа колку трае секоја шминка – и да – време е за големо чистење.

Маскара: 3-6 месеци

Молив за очи: 1 година

Туш за очи: 6 месеци

Кармин: 2 години

Сенка за очи и руменило: 1-2 години

Течна пудра со пумпа: 1-2 години

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement