Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Ријана лансира Queen Size верзија на нејзината книга со фотографии

Само 500 примероци се достапни ширум светот.

Во октомври 2019 година, Ријана ја објави својата прва автобиографија во соработка со Фајдон, која содржи над 1.000 фотографии од нејзиното детство, од светски турнеи и настапи на големите сцени. Сега ѕвездата лансира queen-sized издание на книгата.

„Читањето е од фундаментално значење“, сподели Рири на Инстаграм со фотографии на кои позира во базенот во костим за капење со своето ново издание.

Книгата, со димензии 656 x 500 милиметри, е наменета за „љубителите на модата, музиката, фотографијата и колекционерите“, како што е опишано од глобалниот издавач. Исто како и оригиналната книга „Ријана“, верзијата queen-size содржи фотографии кои ја илустрираат како расте во Барбадос, како и нејзината кариера и личните моменти со семејството.

Над 500 страници, со над 1.000 фотографии, книгата е „рачно зашиена и извезена во ткаенина од јапонски дизајн, изработена по мерка со бисерен финиш“. Корицата на книгата е комплетирана со лого со челик со ласерско сечење. Во меѓувреме, насловната на книгата е специјално создадена од The Haas Brothers.

Ограничена на 500 примероци ширум светот, The Rihanna Book: Queen Size ќе се продава за 1.391 американски долари преку онлајн продавницата на Фајдон.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement