Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Дали е можно? Во продолжението на „Сексот и градот“ нема да биде ни шармантниот машки лик?

Обожавателите на „Сексот и градот“ со нетрпение ги очекуваат вестите за продолжението на серијата наречена „And Just Like That…“, која наскоро треба да започне со снимање во Њујорк. Многумина останале разочарани кога дознавме дека Ким Катрал нема да ја репризира улогата на Саманта Џонс во продолжението.

Новото разочарување може да биде уште поголемо. Имено, според информациите што први ги пренесе Page Six, Крис Нот, кој ја отелотворуваше ликот „Mr.Big“, нема да се појави во продолжението.

Пред неколку години се појавија гласини дека според сценариото за кое никогаш не е реализиран третиот филм од франшизата, шармантниот „Mr.Big“, треба да умре. Нот, тоа го негираше, но нè објасни зошто Mr.Big не е дел од третиот филм.

Уште една протагонистка на „Сексот и градот“ може да остане без нејзината голема љубов. Дејвид Ајгенберг кој ја толкува улогата сопругот на Миранда, Стив Брејди, сè уште не ја потврди својата вмешаност во снимањето на продолжението и во моментов е во разговори со продуцентите.

И додека некои беа шокирани од отсуството на Mr.Big, фановите на Ајдан Шо сега се надеваат дека ова е можност за Кери Бредшо да се врати кај него. Дали Xон Корбет може да се појави во серијата ќе се знае наскоро.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement