Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Легендарните цитати на Чарлс Буковски: „Секогаш се наоѓа некоја жена да те спаси од друга и додека те спасува, се подготвува да те уништи“

Чарлс Буковски – поет, циник и икона – едвај има човек кој доживува рамнодушност кон легендарниот писател. Познат по бескомпромисниот јазик и неселективниот личен и профисионален живот.

1. Некои луѓе никогаш не полудуваат. Кој знае колку ужасен живот живеат.

2. Разликата помеѓу демократија и диктатура е тоа што во демократија прво гласате, а потоа добивате наредби; во диктатура не мора да си го губите времето гласајќи.

3. Интелектуалецот кажува едноставни работи на тежок начин. Уметникот кажува тешки работи на едноставен начин.

4. Ако сакаш да знаеш кои ти се пријатели, добиј затворска казна.

5. Почнуваш да го спасуваш светот спасувајќи еден по еден човек; сѐ друго е грандиозен романтизам или политика.

6. Можно е да сакаш човечко суштество ако не го познаваш премногу добро.

7. Лошиот вкус создава многу повеќе милионери отколку добриот вкус.

8. Новогодишната ноќ секогаш ме застрашува. Животот не знае ништо за годините.

9. Кога љубовта ќе стане заповед, омразата може да стане уживање.

10. Човекот се раѓа како гениј, а умира како идиот.

11. Смртта не е тоа што е ужасно, туку животите кои луѓето ги живеат или не ги живеат до својата смрт. Тие не ги почитуваат своите животи, туку мочаат по нив. Грдо изгледаат, грдо зборуваат, грдо одат. Пушти им голема музика, и тие нема да ја чујат. Кај повеќето луѓе смртта е обична измама. Таму не останало ништо да умре.

12. „Дали веруваш дека животот има цена“, ме прашаа. Не го разбрав добро прашањето. Не верувам во никаква цена. Јас сум сонувач. Верувам во сопственост без болка. Не сум реалист. Ми недостига сила на волјата, мразам гњаважа и напрегање.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement