Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Подобро од бело? Мила Кунис во уште еден разноврсен модел на патики

Актерката Мила Кунис не морала премногу да се прилагодува на „новиот нормален“ моден израз во кој има најмногу простор за најобични и удобни комбинации на облека. И пред пандемијата, Мила била верна на тренерките и патиките во нејзиното приватно време.

Токму овие парчиња се наоѓаат во повеќето нејзини дневни изданија во кои сме имале можност да ја видиме. Таа, исто така, се облекувала лежерно за на кафе, во друштво со нејзиниот сопруг Ештон Качер.

Памучни спортски панталони во сива комбинација ги комбинирала со бела маичка со долги ракави, исто така во спортски стил. Патиките најдобро одат со вакви парчиња облека, а Мила избра модел во сива боја со бела гумена подлога.

За многумина, белите патики се апсолутна кралица на неутралните модели, но оние во сива боја се многу нивна конкуренција. Подеднакво лесно се прилагодуваат на сите облеки благодарение на фактот дека сивата е една од најнеутралните бои.

Во исто време, повеќе се ценат за носење затоа што потешко се валкаат од белите патики, односно нечистотијата е помалку забележлива на нив. Од друга страна, тие се малку помалку интензивни од црните модели и идеални за оние кои не сакаат бели патики, но сепак сакаат некои полесни, но подеднакво разноврсни модели.

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement