Минатата година, модата во уличен стил беше преплавена со преголеми палта, комплети за тренерки и блејзери. Можеме да кажеме дека удобноста и слободното време се дефинитивно првото нешто што би го карактеризирало сегашниот уличен стил, но на повидок е нов тренд.
Бројни инфлуенсери вметнаа преголеми деловни панталони во нивниот секојдневен стил. Комбинацијата на лежерен и деловен изглед што ќе ја постигнете со комбинирање на oversized деловни панталони е совршен начин да изгледате средено и истовремено да се чувствувате пријатно. Постојат различни начини да го комбинирате овој тренд, деловните панталони можете да ги спарите со блејзер за уреден изглед, а од друга страна да ги спарите со обична маица и патики за лежерен изглед. Сè зависи од вашите преференции, но едно е сигурно, овие пантралони се неизоставен дел од гардеробата.
Нивниот изглед на најновите фотографии во уличен стил од Париз и Милано нѐ воодушеви. Како и обично, кога трендот доаѓа директно од пистата до нашиот плакар, се обидуваме да најдеме начин да го прилагодиме на нашиот секојдневен изглед.
Вреди да се спомене дека лежерноста сè уште е примарен фокус, односно преголемите деловни панталони се под влијание на блејзерите во нивниот стил со блејзери, патики, едноставни маички, џемпери и неизбежното парче се очила за сонце. Обично преовладуваат неутрални бои како црна, беж или бела боја. Едноставните стилови се комбинираат со едноставна шминка, природна коса или многу едноставно стилизирана.
Инспирацијата пронајдете ја подолу …
