Познатиот италијански готвач Џино Д’Акампо откри дека повеќето луѓе погрешно подготвуваат сос за болоњезе.
Покрај погрешните тестенини, многумина додаваат и непотребен зеленчук и зачини. Тој исто така откри дека треба да се користат неколку видови месо за посакуваната текстура и вкус.
Прво, наместо шпагети треба да се користат талјатели.
Во тава пржете ситно исечен кромид, целер и морков.
Традиционално, сосот од болоњезе се подготвува со говедско и свинско месо.
„Свинското месо ќе ви даде волумен и вкус и текстура на говедско месо“.
Кога месото е готово, треба да се додаде една посебна состојка – млеко! Ова ќе го омекне месото, и ќе има подобра текстура.
Виното треба да се додаде во млекото, заедно со супа од пилешко или говедско месо. Овие три состојки треба да се готват малку подолго за сосот да не биде кисел.
Последниот совет на Џино е да се изостават доматите, кои често се додаваат.
Наместо тоа, треба да додадете малку доматно пире или концентрат, а целиот сос ќе го завршите оставајќи го да се готви три часа на тивок оган.
Оставете го капакот еден час и половина и мешајте на секои 15 минути.
По час и половина, извадете го капакот. Послужете го сосот со варени таљатели.
