Принцот Филип (99) бил хоспитализиран, пренесуваат сите британски медиуми и се кренала голема паника бидејќи некои таблоиди тврдат дека сопругот на кралицата Елизабета Втора е позитивен на вирусот корона.
Војводата од Единбург беше примен во болницата во вторникот вечерта, „како претпазливост“, бидејќи не се чувствуваше добро, објави Бакингемската палата. Иако таблоидите го тврдат спротивното, извор за „Би-Би-Си“ наведува дека неговата хоспитализација не е поврзана со вирусот корона.
Тој бил пренесен во болницата Кинг Едвард VII во Лондон, се додава во соопштението. Иако лекарите веруваат дека нема простор за паника, кралицата Елизабета е многу вознемирена и исплашена. Извор од Бакингемската палата за „Би-Би-Си“ изјавил дека војводата бил пренесен во болница со автомобил, и дека бил задржан по препорака на лекар. Се очекува да остане во болницата неколку дена, поради набљудување и одмор.
- Принцот Филип не се чувствуваше добро во изминатите неколку дена. Повикан е лекар и тој е пренесен во болница, но не за итно лекување. Нема никаква врска со вирусот корона – рече изворот, пренесува „People“.
Како што понатаму се наведува во скоро сите медиуми, принцот Филип е „расположен“ во болницата и верува дека наскоро повторно ќе и се придружи на кралицата Елизабета, која остана во Виндзор.
