Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Соништата станаа реалност: Парис Хилтон објави прекрасни вести

Парис Хилтон објави прекрасни вести на нејзиниот 40-ти роденден, а американскиот печат ги пренесе вестите со брзина на светлината, за кои многумина веруваат дека не е „ништо ново“. Имено, богатата наследничка и оваа зима, како и во 2018 година, реши да му каже „да“ на нејзиниот сега веќе нов избраник. Овој пат, после толку веридби, дали навистина е тој вистинскиот, многумина се прашуваат?!

Имено, Парис Хилтон веќе некое време е во емотивна врска со нејзиниот долгогодишен пријател Картер Реум, а за тоа колку се среќни зборува и фактот дека едвај чекаат да се остварат во улогата на родител.

  • Минатата година, која беше обележана со вирусот корона, забрза многу работи. Како некој што патувал постојано, имав можност да бидам во мојот дом и да преиспитам што е всушност најважно за мене. Мојата врска и времето поминато со Картер ми се подарок. Многу сум возбудена што следува нашето следно поглавје од животот – изјави Парис за People и дозволи јавноста да ги види деталите на свршувачката.

Во нејзиниот документарец на каналот „Јутјуб“, Парис неодамна откри дека заедно решиле да сакаат деца, и тоа близнаци. Таа призна дека ги замрзнала јајцата и дека не сака да ја пропушти можноста да стане мајка. Нејзиниот следен чекор е ин витро оплодување.

  • Навистина сум возбудена затоа што го правам следниот чекор во мојот живот. Конечно имам вистински живот. Верувам дека да се има семејство и да има деца е смислата на животот, а тоа сè уште не сум го доживеала, бидејќи не чувствував дека некој заслужува таква моја љубов. Сега конечно најдов личност со која можам да постигнам сè – изјави богатата наследничка, која исто така не откри дали има проблем природно да остане бремена.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement