Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Храбра или смешна модна комбинација на Ирина Шајк? (ФОТО)

Комбинацијата на облека на Ирина Шајк е мета на бројни светски критичари. Иако неодамна им изјави на странските медиуми дека сака да си игра со стилови и дека пандемијата на коронавирус и изолацијата ја принудија да гледа на модата од сосема поинаков агол.

  • Пред пандемијата носев обична, удобна облека, но сега ми недостигаат забави и настани, па затоа сакам да се забавувам во уличен стил. Во мојата гардероба има толку многу различни облеки. Кога одам на прошетка, носам нешто црно во основата, и носам нешто во светли бои над неа. Тоа може да го подобри расположението на неколку нивоа – изјави Ирина, која навистина можеше да се види на улиците во прилично необични комбинации во изминатите неколку месеци. Но, се чини дека последнава победи!

И навистина, она што таа го замисли, згодната и убава манекенка започна да ја покажува на улиците на Њујорк. Можевме да ја видиме во разни бои, како комбинира тренерки и скапи чанти, а нејзиното последно појавување ги остави сите без зборови.

Светло жолтото, „teddy“ палто, кое повеќе потсетува на мека и топла бањарка, ја подели американската јавност. Некои се воодушевени, додека други се шокирани од тоа што си дозволи убавата манекенка.

Комбинацијата на облека на Ирина Шајк овојпат не беше непогрешлива, барем судејќи според коментарите на модните критичари. Но, се чини дека Ирина не сакаше да фасцинира никого со својот избор на облека, туку да, како што рече и самата, само да се забавува во ова време на пандемијата.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement