Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Навидум здодевна: Кралицата Летиција во заводлив фустан што не ја надминува границата на добриот вкус

Кралицата Летиција е секогаш среќна што одговара на поканите за разни културни настани, па затоа не ја пропушти можноста да ја види изложбата посветена на Concepcion Arenal,, шпански адвокат, новинар и писател и прва жена што присуствувала на универзитет во Шпанија.

Аренал исто така била една од водечките фигури на шпанското феминистичко движење, а изложба во нејзина чест е изложена во Националната библиотека во Мадрид.

Кралицата Летиција дошла да ја види изложбата во друштво на Кармен Калво, вицепремиер на Шпанија, и избра навидум многу едноставен фустан за да ја посети библиотеката.

Тоа е модел на брендот Massimo Dutti во пригушена и темна црвена нијанса со долги ракави и висока крагна.

Додека кралицата позирала пред фотографите, фустанот скриен под црното палто на Caroline Heerrere, во никој случај не се истакнувал. Меѓутоа, кога Летиција го соблекла палтото, открила сензуален расек на грбот, и висок процеп на предната страна при одење.

Навидум „здодевниот“ фустан всушност се претвора во многу „заводлив“ модел во секунда, но во ниту еден момент не ја преминува границата на добриот вкус. Летиција го искомбинирала со двобојни обувки на брендот Lodi, на кои и е верна веќе неколку години.

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement