Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Неверојатно здрава житарка: Изобилува со витамини и минерали, а помага и во регулирање на холестеролот и шеќер во крвта!

Киноата е всушност псевдо житарица, бидејќи е подготвена, консумирана и ги содржи истите хранливи вредности како и житарките, но всушност припаѓа на семејството на трева.

Киноата е богата со многу минерали како магнезиум, манган, железо, бакар, фосфор, цинк, селен, калиум и калциум, кои се неопходни за правилно функционирање на човечкото тело.

Покрај мнералите, таа содржи и големо количество витамини, имено витамини од комплексот Б и витамин Е. Исто така, содржи и големо количество растителни влакна, па имаат корисен ефект врз метаболизмот.

Она што е важно да се спомене е дека киноа ги содржи сите осум аминокиселини кои му се потребни на човекот, за разлика од другите житни култури кои содржат најмногу три, поради што ова растение се смета за „супер храна“.

Еве ги сите лековити својства на киноата:

Може да го регулира холестеролот

Високата концентрација на влакна што содржи киноа помага да се намали високиот холестерол. Апсорбирачките влакна измешани со жолчна киселина се лачат во организмот и го намалуваат лошиот ЛДЛ холестерол. За луѓето кои страдаат од висок холестерол и треба да го намалат внесувањето на животински протеини, киноата е идеална билна замена за истите.

Го контролира крвниот притисок

Познато е дека калиумот има позитивно влијание врз крвниот притисок. Киноата дефинитивно има повеќе калиум од сите други житни култури, и одржува здрава рамнотежа на натриумот во организмот, што може дополнително да влијае на намалување на високиот крвен притисок.

Kinoa

Помага при слабеење

Влакната и протеините што ги содржи киноата ни даваат енергија, но одржуваат чувство на ситост. Покрај тоа, тие можат да го забрзаат метаболизмот и да ја регулираат работата на дигестивниот тракт.

Може да го намали ризикот од дијабетес

Абсорбентните влакна што ги содржи киноата го контролираат нивото на шеќер во крвта, докажаа студиите. Благодарение на фенолна киселина, витамин Е и полисахарид, тоа ќе спречи несакани воспалителни процеси кои се поврзани со ризик од развој на дијабетес тип 2.

Прочитај

____celebrity

Џеј Ло уште еднаш ги покажа своите беспрекорни модни избори. Откако присуствуваше на „свадбата на годината“ на Тејлор Свифт и Тревис Келс во петокот,...

____celebrity

Канадската поп-ѕвезда Џастин Бибер ќе биде еден од изведувачите на полувремето од финалето на Светското првенство во фудбал, приклучувајќи се кон поставата во која...

Green Tea

Верувале или не, во Јапонија, луѓето се оценуваат и врз основа на нивната крвна група, бидејќи веруваат дека таа го одредува нивниот темперамент и...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Advertisement