Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Поклонете им на вашите сакани парче од универзумот

На Денот на вљубените, кога ќе и ветите на вашата сакана месечина и sвезди, не мора да го правите тоа само со зборови.

Аукциската куќа Christie’s ќе ви го олесни спроведувањето на ветувањето, нудејќи 75 метеорити за време на онлајн аукција. Примероците што ќе бидат достапни за купување имаат ценовен опсег од 250 до 180 000 долари, што значи дека има по нешто за секого, а не само за милионерите и милијардерите, како што сме навикнале.

Главниот детал на аукцијата ќе биде седум милијарди години sвездена прашина, што се смета за најстара материја што човештвото може да ја допре. Меѓу примероците што потекнуваат од Месечината и Марс, се истакнуваат естетски метеорити од железо и оние што содржат скапоцени камења. Џејмс Хислоп, директор на одделот за наука и историја на аукциската куќа, рече: „Секој од нас има визија како треба да изгледа метеорит – вонземско тело, кое се загрева со триење, додека продира во нашата атмосфера. Ретко метеоритите го преживуваат огненото потекло и ни ја покажуваат нивната вистинска убавина.

Каменот, тежок осум килограми, што е дел од оваа аукција, привлекува најголемо внимание досега, а се проценува дека ќе достигне бројка од педесет до осумдесет илјади долари. За разлика од другите метеорити, овој ја задржа својата стабилна ориентација кога падна. Освен него, може да поседувате камен од Марс за цена од 30 000 до 50 000 долари, што крие меурчиња со марсовска атмосфера.

Ако сакате да им подарите на вашите сакани нешто навистина интересно, веруваме дека оваа аукција е вистинското место за посета.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement