И покрај тоа што дебитираше само пред неколку месеци, новата К-поп група Aespa веќе го потпиша своето прво големо модно партнерство – квартетот е именуван за амбасадор на француската куќа Живанши.
Карина, Винтер, Нинин и Жизел – ќе станат новите лица на модната куќа во 2021 година. Обично, брендовите избираат индивидуални членови на групата за амбасадори, па затоа особено е значајно што новиот креативен директор на Живанши, Метју Вилијамс, одлучи да ја вклучи целата група.
„Кога првпат ја видов Aespа, бев зачуден од енергијата на секој член“, рече Вилијамс за новите амбасадори на Живанши. За возврат, девојките од Aespа изјавија дека се многу среќни што соработуваат со Метју и Живанши.
Во своето деби за Живанши, девојките се појавија во црно-бели снимки. Жизел носеше украсени мрежни нараквици и широк исечен црн мини фустан. Карина носи фустан во стилот на Холивуд со должина до подот, со деколте, Нинин позира во миди фустан украсен со метални ланци, врвки, а Винтер избра дводелен изглед: соодветни панталони и блуза изработена од свилени ленти.
Во последниве години, светот на високата мода ентузијастички соработуваше со многу корејски уметници, од обични костуми на Диор за турнејата на БТС, до индивидуални партнерства на девојките BLACKPINK со врвните брендови Сен Лоран, Диор, Шанел и Селин.
