Кога животот ви дава лимон, правите лимонада; и кога ќе ти понуди мед од манука, тогаш буквално ќе повлечете сè од тековната сметка за да го купите….
Љубителите на мед од Велика Британија кои сакаат шопинг во стоковната куќа Harrods, ќе мораат да подготват голема сума на пари доколку сакаат да уживаат во сладок вкус на најценетиот мед на светот. Минатата година, кога овој мед дебитирал во Harrods, Лондон, се појави со цена од 1800 долари за тегла и се распродаде скоро веднаш. Оваа година компанијата True Honey се враќа на сцената со само 200 тегли што треба да се продадат на исто место, а овојпат нивната цена е двојно поголема.
Како што дознаваме, цената е зголемена за сто проценти благодарение на уникатниот рејтинг на факторот манука, каде што доби оценка 33. Ова е она што го направи овој мед поредок и поскап од кога било, но сепак, како вистинско течно злато, има свој пазар, кој успешно лекува рани и болки во грлото.
Основачот на True Honey Џим Мекмилан вели: „Колку што знаеме, ова е најквалитетниот мед од манука произведен досега во светот. Во основа, еден килограм чини 22 000 долари“.
Harrods го продава ова спектакуларно чудо на природата како производ без глутен, без јаткасти плодови, произведен во Нов Зеланд, со прекрасна бела кутија во форма на цвет. За 3.600 долари, добивате 230 грама од овој производ.





