Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Удобни и тренди: По малку заборавеното парче облека се враќа на модната сцена оваа пролет – и тоа на големо

Балетанките со стил се враќаат на модната сцена оваа година, а трендот што срамежливо се појави минатото лето ќе ги доживее своите sвездени моменти оваа година, убедени се модните експерти.

Минатото лето, најпознатиот моден пребарувач Лајст тврдеше дека потрагата по балетанки е во пораст и може да ја видиме оваа малку заборавена обувка што доминираше во раните 2000-ти, кога беше популаризирана од Кејт Мос, на нозете на многу познати трендсетерки , како што се Ники Хилтон, Емa Робертс, Анџелина Џоли, Ана де Армас, Меланија Трамп …

Минатата есен холивудските sвезди Анџелина Џоли и Ана де Армас успешно го усвоија овој тренд, се одлучија за ефикасен модел со потпис на познатата модна куќа Клои во неутрална беж боја.

Балетанките се модна класика која никогаш нема да излезе од мода, а девојките и жените ги обожаваат и за удобноста и за шик изгледот.

Славата ја стекнаа уште во 50-тите години од минатиот век, кога иконите како Одри Хепберн и Брижит Бардо ги вклучија во нивните кул стилови, и се чини дека се враќаат во голем стил со оглед на моменталните модни трендови кои ја ставаат удобноста на прво место.

Нивната предност е што се вклопуваат во кој било стил и изгледаат одлично во комбинација со кожни панталони, фармерки, тренди фустани …

Женствени и слатки балетанки веќе се појавија во колекциите на познати модни куќи, но и во понудата на улични продавници како Страдивариус, Х&М, Манго, Зара …

Престижната модна куќа Селин лансираше неодоливи модели со класични лакови, додека познатата лондонска дизајнерка Симон Роша нуди светкави сатенски варијанти со тренди панделки …

Модните ентузијасти кои сакаат невообичаени детали можат да изберат модели со на пр. кожни детали или квадратен врв.

Во секој случај, дефинитивно ќе ги видиме балетанките, затоа набавете ги вашите на време, бидејќи овој тренд нема да исчезне толку брзо.

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement