Вилите на крајбрежјето се веројатно најбараниот вид недвижен имот ширум светот.
За многу луѓе, животот во една таква зграда е остварување на сонот, но вилата што ви ја претставуваме денес, сместена среде планинско езеро, ја крева целата приказна на едно ново ниво. Германскиот 3Д дизајнер, Бенџамин Спрингер од „Егзорбирт“, всушност, визуелизира еден ваков лебдечки дом, што дефинитивно ќе предизвика возбуда кај многумина.
Наречен „The Shelter“, овој проект за луксузна куќа е дизајниран за две недели. Главната инспирација зад него е фотографијата на езерото направена од Мајкл Шојер, благодарение на што се роди идејата за создавање луксузен дом што лебди на неговата површина.
Оваа скриена локација, до која се стигнува само со брод, му дадоа можност на дизајнерот да реализира бројни креативни можности. Приватноста не треба да претставува проблем на ваква локација, така што стаклените sидови се одличен додаток, го максимизираат погледот и внесуваат многу природна светлина во просторот за живеење. Завесите беа додадени само за да се создаде сенка.
Внатрешниот дизајн е навистина привлечен и инспиративен, со сите простори за живеење сместени околу линијата што се протега низ централниот дел на куќата, додека на другите две страни има убави дрвени палуби. Во ентериерот, текстурите инспирирани од дрво додаваат модерна атмосфера во дизајнот, додека современите погодности обезбедуваат удобност.
Овој пловечки дом со ограничен пристап е креативен архитектонски концепт, кој во суштина е приватно кралство, далеку од бучавата и гужвите. Дизајнерот успеа да постигне рафинирано ниво на фотореализам во неговиот проект, што подетално можете да го истражите на врската.








