Оние што ќе добијат најмногу гласови ќе бидат дел од „Куќата на Славните на Рокенролот“. Тоа ќе се знае во мај, а собирот на поканетите ѕвезди е во Кливленд, на есен.
Познати се номинациите за прием во Куќата на Славните на Рокенролот за 2021 година. Според списанието rollingstone.com, на листата се Џеј Зи, групата „Foo Fighters“, Мери Џеј Блајџ, бендот „Iron Maiden“, потоа „Go-Go’s“, „Rage Against the Machine“, Кејт Буш, „Devo“, Шака Кан, Керол Кинг, Фела Кути, ЛЛ Кул Џеј, „Nev York Dolls“, Тод Рангрен и Дион Ворвик.
Оние што ќе добијат најмногу гласови ќе бидат дел од Rock & Roll куќата на славните. Тоа ќе се знае во мај, а церемонијата на прием е во Кливленд, на есен.
Да ве потсетиме, за да се квалификувате за гласањето за оваа година, првиот сингл или албум на секој номиниран треба да биде објавен во 1995 година или порано. Foo Fighters, Go-Go’s, Iron Maiden, Џеј Зи, Тина Тарнер (како соло уметник), Фела Кути и Дион Ворвик беа меѓу номинираните за прв пат.
Патем, Керол Кинг беше прифатена заедно со Џери Гофан како неизведувач во 1990 година. Тина Тарнер влезе во институцијата во 1991 година заедно со Ајк Тарнер.
Доколку Кинг и Тарнер бидат прифатени, тие ќе бидат вториот и третиот уметник што ќе влезат двапати во Куќата на славните, после уметникот Стиви Никс 2019. Исто така, ова е можност за Дејв Грол по втор пат да влезе во Куќата на Славните на Рокенролот по својата индукција од 2014 година како член на „Нирвана“.
